Турција денеска го одбележува националниот празник-Денот на националниот суверенитет и на децата. Годинава се навршуваат 100 години од отворањето на модерниот турски парламент на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Денот се празнува и како ден на децата, зашто Ататурк го посветува денот на оние кои ќе бидат иднината на нацијата.
Заради мерките за ограничување на ширењето на корона вирусот повеќето јавни чествувања се откажани. На полноќ стапи во сила и четиридневната забрана за напуштање на домовите во 31 од големите градови во Турција.
Претседателот на Меџлисот, Мустафа Шентоп ги повика граѓаните во 21 часот да излезат на своите балкони за да ја испеат ѕаедно државната химна.