Регион

Турција добива руски противвоздушни системи С-400, САД се закануваат со санкции

Турција добива руски противвоздушни системи С-400, САД се закануваат со санкции

Турција до крајот на годинава очекува испорака на напредни руски противвиздушни системи С-400, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

САД и се заканија со санкции на Анкара поради оваа одлука, со оглед на тоа што Турција е членка на НАТО.

Чавушоглу на маргините на самитот на НАТО кој се одржува во Брисел, истакна дека Турција има право да се брани со противвоздушни системи кои самата ќе ги избере.

Турција и Русија кон крајот на минатата година потпишаа договор за испорака на системи С-400.

САД смета дека Анкара треба да купи ракетни системи „компатибилни со стандардите на НАТО“.