Еден посилен и два послаби земјотреси забележени се ноќеска во околината на Петриња. Сеизмолошката служба на Хрвтска јави дека најсилниот потрес бил со јачина од 3,4 степени.
–Вечерва, на 25 јануари 2021 година, во 01:37 часот наутро, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар на 6 километри југозападно од Петриња. Големината на земјотресот беше 3,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше IV-V по скалата ЕМС, беше објавено од Сеизмолошката служба на Хрватска.
ЕМСЦ јави и за уште два послаби потреси во текот на ноќта. Едниот со магнитута од 1.9, а вториот со јачина од 2.8 степени по Рихтер.