Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово го отвори утрово Балканскиот ток, новиот гасовод кој води од бугарската до унгарската граница.
Србија преку гасоводот обезбедува енергетска стабилност и безбедност, што е важно за привлекување нови инвеститори, изјави Вучиќ.
Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.
-Со овој гас обезбедуваме енергетска безбедност и добиваме можност да привлечеме дополнителни инвеститори, рече Вучиќ, додавајќи дека треба да се сторат уште многу работи, но ова гарантира поизвесна и подобра иднина.
Името на овој проект на почетокот беше „Јужен ток“ и требаше да поминува и низ Македонија, но политичката одлука за овој проект на Русија беше негативна.