Косовската полиција ја блокира болницата во Пеќ, поради сомневање дека во неа има експлозивна направа, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поради сомнежите за бомба започната е полициска истрага, одложени се сите визити, а персоналот и пациентите од две одделенија се евакуирани, изјавија за локалните медиуми службени лица од болницата