Регион 15. March 2019. / 13:15

Тачи: Косово ќе одговори на секоја закана од Србија со војска и полиција

Тачи: Косово ќе одговори на секоја закана од Србија со војска и полиција

Косовскиот претседател Косово Хашим Тачи изјави дека Косово ќе одговори директно на секоја закана што може да дојде од Србија.

Јас сум врховен командант на Безбедносните сили на Косово (ФСК). Косово ќе одговори директно на секоја закана од Србија. Ќе одговориме со војска и со полиција. Како една нација, изјави Тачи во интервју за телевизијата Клан Косова.

Претседателот на Косово побара од Белград да престане со воинствената реторика и порача дека поделба на земјата нема да има.

Ќе бидеме бескомпромисни во одбраната на нашиот интегритет и независноста. Поделбата на Косово е стара српска идеја. Тоа нема да се случи, јасно ви кажувам, порача Тачи.