Косовскиот претседател, Хашим Тачи престојува во Брисел од каде ирази надеж дека конечниот договор помеѓу Приштина и Белград ќе биде постигнат во текот на следните недели или месеци, со што ќе биде отворен патот за прием на Косово во Обединетите Нации, наведуваат приштинските медиуми.
-Не можеме да си дозволиме да ја загубиме поддршката од Европската Унија и Соединетите Американски Држави- рече Тачи.
Тој оцени дека Косово нема полојален сојузник од Вашингтон, поради што треба, како и досега, да има доверба во САД.
Говорејќи за писмото кое му го упати американскиот претседател, Доналд Трамп, Тачи искоментира дека САД испратиле јасна порака.
-САД конечно проговорија и јасно порачаа – зближете се, постигнете договор што е можно порано, за земјата да тргне кон евроатлантската перспектива-изјави Тачи.