Регион 13. јули 2018. / 20:10

Тачи: Ако постигнеме договор со Србија и Русија ќе го смени ставот кон Косово

Тачи: Ако постигнеме договор со Србија и Русија ќе го смени ставот кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека ставовите на Русија по однос на косовското прашање се познати, но дека тие ќе се сменат доколку Косово и Србија постигнат договор и Москва ќе се прилагоди на него.

Тачи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, изјави денеска дека тоа му го потврдил и премиерот на Русија Дмитри Медведев, при нивната средба во Анкара, каде што обајцата присуствуваа на инаугурацијата на турскиот претеседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Не е некоја новина, тоа е нешто што е познато и не мислам дека Русија ќе заземе уште посрпска позиција од онаа што ја има актуелен Белград. Ние, со постигнувањето на договор меѓу Косово и Србија за нормализација, помирување и меѓусебно признавање, им го избиваме секој адут на противниците на независноста., за да не можат да го спречат нашиот пат кон зачленувањето во Европската унија, во НАТО и во Обединетите нации, рече Тачи во Гњилане, каде што отвори фабрика за преработка на овошје.