Регион 21. декември 2018. / 09:40

Страшно: Воз преполови автобус кој превезувал деца кај Ниш – најмалку тројца загинати

Страшно: Воз преполови автобус кој превезувал деца кај Ниш – најмалку тројца загинати

Најмалку три лица , меѓу кои две возрасни и едно дете загинаа во тешката железничка несреќа во Србија.

Најмалку три лица загинаа , а десетици се повредени во страшната железничка несреќа , кога воз се заби во патнички автобус и го преполови. Несреќата се случила утрово во 7.30 часот во близина на местото Доње Меѓурово кај Ниш.

Се претпоставува дека најголем број од настраданите би можеле да бидат деца, зашто автобусот превезувал ученици.

На местото на несреќата се бројни спасувачки екипи, а полицијата врши увид.