Регион 13. февруари 2021. / 17:25

Српски доктор: Македонците на шопинг во ЛИДЛ го направија Врање ново жариште на коронавирусот

Српски доктор: Македонците на шопинг во ЛИДЛ го направија Врање ново жариште на коронавирусот

Градот Врање е новото жариште на коронавирус, а тоа денеска го потврди и професор д-р Бранислав Тиодоровиќ, член на кризниот штаб на Србија кој предупреди дека доколку бројката продолжи да расте, во овој град но и останати им за заканува целосно затворање на рестораните и кафичите.

Иако угостителските објекти не се главната причина за жариштето, според епидемиолозите постојат уште две причини: еден е доаѓањето на туристи од Македонија на шопинг и провод во овој дел од Србија, но и последиците од новиот британски сој на коронавирус.

Д-р Тиодоровиќ во гостување на емисијата „Београдска хроника“ рече дека можно е една од причините да биде тоа што државјани на Македонија масовно доаѓаат на шопинг во Врање.

Како што вели, тој самиот имал можност да се увери дека има голем метеж на светски познат трговски пазар, што не постои во Македонија и забележал, вели, голем број гости од таа земја кои доаѓаат во ресторани во Врање.