Вчера на граничниот премин Товарник околу 2 часот застанало товарно возило со српски регистарски таблички управувано од 25-годишен српски државјанин.
Припадниците на царинската служба и полицијата при контролата се посомневале дека има промени во покривот на приколката ладилник кои укажуваат дека има пакети марихуана во покривот.
Според налогот на Окружниот суд во Вуковар, извршен е претрес на товарното возило и на приколката.
Во покривот на ладилникот се пронајдени 364 пакувања со околу 280 килограми марихуана.
Српскиот државјанин е предаден на државното обвинителство поради сомневање дека сторил кривично дело незаконско шверцување и трговија со дрога.