Регион 15. август 2018. / 16:26

Србија нареди проверка на мостовите по несреќата во Џенова

Србија нареди проверка на мостовите по несреќата во Џенова

По уривањето на надвозникот во Џенова, каде што загинаа најмалку 42 лица, српската влада нареди вонреден инспекциски надзор на сите мостови во Србија над 100 метри.

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, нареди вонредна контрола, се наведува во соопштението, а за проверка на теренот е задолжен експертскиот тим на ресорното министерство.

„Предмет на контрола и проверка ќе бидат мостовите на патиштата и пругите во Србија кои беа изградени пред неколку децении, а во меѓувреме беа санирани и реконструирани”, се вели во соопштението.

Покрај вообичаените редовни контроли на сите мостови на пругите, автопатите и регионалните патишта што ги вршат јавните претпријатија „Инфраструктура Железнице Србијe” и „Путеви Србије”, со наложениот вонреден инспекциски надзор дополнително ќе се контролира документацијата и конструкцијата на мостовите, се наведува во соопштението.