Регион 15. јануари 2021. / 19:29

Србија ќе ги тужи членките на НАТО за бомбардирањето од 1999 година

Србија ќе ги тужи членките на НАТО за бомбардирањето од 1999 година

Соседна Србија ги тужи членките на НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум.

Адвокатски канцеларии од Србија и Италија веќе ги подготвија тужбите за НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум во 1999 година, дознава „Политика.рс“.

Од НАТО ќе се бара оштета поради заболувања од канцер на војници, полицајци, резервисти кои ја бранеа државата од НАТО агресијата. Тужбата ја подготвувал еден од најдобрите италијански адвокати Ангело Фиоре Тартаља.

Тој веќе го доби НАТО на суд од тужбата на италијанските војници кои беа на служба во Косово. Семејствата на војниците добија милионска оштета од Алијансата од 700.0000 до милион евра по лице.

Во случајот на Србија, побарувања имаат околу 2.000 луѓе и се надеваат дека ќе ја добијат истата сума.

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.