Албанската полиција од приморскиот град Валона, кај заливот Карабурун, денеска спречи обид за шверц на голема количина марихуана.
Во акцијата запленети се 671 килограми марихуана и 200 литри бензин,чија крајна дестинација требало да биде Италија.
Пред два дена во близина на Валона,во куќата на А.Н.(35) полицијата заплени 246 килограми марихуана,четири автоматски пушки,како и куршуми модел 56,додека пак во Фуш Крија уништи 2.080 стебла марихуана и уапси три лица.