Регион 22. ноември 2019. / 15:22

Спречен масакр во средно училиште во Србија – уапсен маж

Спречен масакр во средно училиште во Србија – уапсен маж

Горан Т. (46) од селото Доња Ливадица кај Велика Плана влегол во Средното економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ и отворил оган од автоматска пушка, но бил запрен од професор Славољуб Стојадиновиќ, дознава „Блиц“.

Мажот пукал двапати од оружјето, а благодарение на професорот не се случила поголема трагедија.

Кај Горан биле пронајдени и рачна бомба, пиштол и експлозив.

Медиумите пренесуваат дека човекот имал психички проблеми и сакал да направи заложничка криза во училиштето, но за среќа бил спречен во намерата.