Регион 12. декември 2019. / 15:44

Сојуз за Србија утре ќе го блокира влегувањето во РТС

Сојуз за Србија утре ќе го блокира влегувањето во РТС

Движењето Сојуз за Србија (СЗС), составено од десетина партии и движења од српската опозиција, соопшти дека утре ќе ги блокира сите влезови во зградата на РТС од 12 до 20 часот, незадоволни од известувањето на јавниот сервис.

Претседателот на СЗС, Вук Јеремиќ, на прес-конференција најави дека тоа е и предупредување и апел до челните луѓе на РТС да почнат професионално да се занимаваат со својата работа.

Според него, тоа значи интервју со Александар Обрадовиќ од Крушик, Марија Лукиќ, која води спор против поранешниот градоначалник на општина Брус, Милутин Јеличиќ или новинарот Милан Јовановиќ од Гроцка.

Јеремиќ додаде дека митингот бил пријавен во полиција, но дека не добиле дозвола затоа што не го пријавиле на време, односно на пет дена пред одржувањето.