Словенечката Влада одлучи да не брза со повторно отворање на училиштата и градинките.
И покрај тоа што во земјата веќе полека стартува економијата и се отвораат разни продавници, одлуката за отворање на образовните установи ќе биде донесена откако ќе се видат резултатите и од другите држави, кои веќе најавија враќање на учениците во училиштата.
Засега не знаеме кога повторно ќе ги отвориме училиштата и градинките. Владата е на став дека е потребно прво да ги видиме искуствата од другите земји кои набрзо ќе го вратат образовниот процес во нормала – изјави владиниот портпарол Јелко Кацин.
Во меѓувреме во Словенија се спроведува големо тестирање на населението во сите 300 општини, а резултатите треба да покажат колку навистина е раширен корона вирусот меѓу граѓаните.
Резултатите од ова истражување ќе бидат земени предвид при носењето на одлуката за отворање на училиштата и градинките.