Регион 20. март 2020. / 12:34

Словенија ги зголемени платите на лекарите, но и на министрите и премиерот

Словенија ги зголемени платите на лекарите, но и на министрите и премиерот

Словенечката Влада донесе одлука за зголемување на платите на лекарите, медицинскиот персонал, министрите, премиерот и владините службеници.

Како што соопштија од Владата, тоа е потребно затоа што овие луѓе извршувале работни обврски во вонредни услови.

Премиерот Јанез Јанша во обраќањето до нацијата порача дека сите оние кои поради корона вирусот работат повеќе, ќе добијат и повеќе пари.

Ако еден лекар работи двојно повеќе поради справувањето со последиците од коронавирусот, тој ќе добие и двојно поголема плата – изјави Јанша.

Според одлуката на владата, сега токму премиерот Јанез Јанша ќе зема највисока можна плата што ја предвидува законот, односно 5.200 евра бруто месечно. Одлуката за повисоки плати важи и за министрите и нивните соработници.