Регион 13. февруари 2020. / 12:03

Словенија ги губи кинеските туристи поради епидемијата од корона вирус

Словенија ги губи кинеските туристи поради епидемијата од корона вирус

Туристичките работници во Словенија се загрижени поради големиот пад на бројот туристи кои доаѓаат од Кина. И покрај тоа што се свесни дека причината за тој тренд е корона вирусот, туристичките работници се жалат дека значително се намалиле ноќевањата и прометот на локациите кои традиционално се посетувани од кинеските туристи.

Најголемо намалување на бројот на туристи од Кина има во туристичките центри како Блед и Постојна.

Минатата година Словенија ја посетиле речиси 99.000 кинески туристи кои оствариле 160.000 ноќевања. Поради овие бројки Словенечката туристичка организација (СТО), кинескиот туристички пазар го означи како еден од најперспективните.

Во споредба со 2018 година, минатата 2019 бројот на туристи од Кина се зголемил за 13,5 отсто, а бројот на ноќевања за дури 17,1 отсто.