Регион 13. април 2020. / 12:02

Словенија доби голема пратка кинеска заштитна и медицинска опрема

Словенија доби голема пратка кинеска заштитна и медицинска опрема

На аеродромот Брник крај Љубљана утрово слета транспортен авион на компанија „Сичуан Ерлајнс“, со кој пристигна и голема пратка заштитна и медицинска опрема.

Опремата што ја набави Словенија се состои од заштитни маски и одела, респиратори и друга медицинска опрема потребна за справување со епидемијата на корона вирусот.

Премиерот Јанез Јанаш веста ја пристигнувањето на нарачаната опрема од Кина ја сподели на социјалните мрежи и напиша дека таа ќе придонесе и за помирни Велигденски празници.