За макета на пруга, која била платена 130 000 евра, под притисок на јавноста си поднесе оставка словенечкиот министер за животна средина Јуре Лебен.
Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска ја прифати оставката на министерот за животна средина, Јуре Лебен, што е трета оставка во негов иот кабинет од кога е премиер, односно последните пет и пол месеци.
Шарец изјави дека одлуката ја донел со тешко срце, зашто Лебен бил најдобар министер за животна средина во последните 15 години. Лебен е член на партијата на поранешниот премиер Миро Церар, но Шарец вели дека не го доживувал како партиски човек, туку како експерт.
Оставката доаѓа откако Словенечката државна телевизија објави електорнска преписка, во која се нарачува макета на пругата Копер- Дивача, која била нарачана по цена од 130 000 евра.
Иако била наменета за презентација, макетата никогаш не била користена, а се смета дека на овој начин биле финансирани партиските фондови за предизборната кампања на минатогодишните парламентарни избори.