Регион 20. март 2020. / 14:37

Словенечката влада од денеска ќе држи прес-конференции без новинари

Словенечката влада од денеска ќе држи прес-конференции без новинари

Словенечката Влада одлучи прес конференциите од денеска да се одржуваат без физичка присутност на новинарите.

Според владината прес-служба, Целта е да се намалат шансите за ширење на корона вирусот.

Според одлуката, неколку пати дневно владините претставници ќе имаат обраќање од прес-центарот на Владата со директен пренос на државната Телевизија Словенија, а таа на сите други медиуми ќе треба бесплатно да им ги стави на располагање целиот аудио и видео сервис.

Новинарите сите прашање ќе можат да ги поставуваат по електронска пошта.

Ваквиот начин за комуникација со јавноста ќе се применува додека за тоа има потреба.