Регион 03. февруари 2020. / 12:02

Словенечката полиција на предупредувачки штрајк

Словенечката полиција на предупредувачки штрајк

Полицијата во Словенија денеска почна предупредувачки штрајк заради што дојде до забавување на сообраќајот, пред се, на граничните премини.

Штрајкот, според најавата, ќе трае од 8 до 12 часот, а заради него  се формираа колони од камиони на граничните премини Брегана – Обрежје и Грушковје – Мацељ, каде се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски Индекс.

„Засилено е излегувањето на товарните возила на граничниот премин Брегана, а колоната е долга околу три километри“, наведе Авто мото сојузот на Хрватска.

Полицијата почна штрајк заради, како што наведува, неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и за платената работа во трета смена.