Земјотрес со силина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Косово.
Иако првично беше објавено дека интензитетот на земјотресот бил 4,3 степени, по некое време оваа инфромација беше променета.
Епицентарот бил 18 километри од Митровица и 15 километри од Приштина, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван од страна на граѓаните, а засега нема известувања за штета или повредени лица.