Регион 27. ноември 2019. / 17:38

Силниот земјотрес во Албанија попладнево ја прекина потрагата по исчезнатите

Силниот земјотрес во Албанија попладнево ја прекина потрагата по исчезнатите

Силен земјотрес попладнево повторно ја стресе Албанија. Земјотресот беше со јачина од 5.3 степени според Рихтеровата скала. Поради ова, во Албанија донесена е одлука за тоа моментално да се прекинат операциите за спасување на луѓето што уште се под урнатините.

Силниот земјотрес донесе нова паника во Тирана, каде граѓаните повторно излегоа надвор од своите домови. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија.