Регион 28. октомври 2018. / 11:05

Силен земјотрес во Романија

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 5.8 степени според Рихтеровата скала ги погоди централните и источните делови од Романија.

Земјотресот можел да се почувствува и во Украина, Молдавија и Бугарија, соопшти романскиот институт за геофизика.

Земјотресот се случил околу 3.30 по локално време, со епицентар во планинската област Вранча, на длабочина од 150 километри, пренесува „АП“.

Како што се наведува, земјотресот ги разбудил жителите на Букурешт и другите романски градови, а официјалните лица навеле дека Итната помош примила многу повици од граѓаните кои имале напади на паника.

Во областа во близина на земјотресот привремено снемало струја.

Сеизмолозите навеле дека не се очекуваат нови потреси.