Регион 12. ноември 2018. / 21:27

Шест милиони руски туристи годинава ја посетиле Турција

Шест милиони руски туристи годинава ја посетиле Турција

Шест милиони руски туристи ја посетија Турција годинава, изјави турскиот заменик министер за трговија Фатих Метин, на руско-турскиот бизнис форум.

Турција планира уште повеќе да го зголеми бројот на руски посетители.

Исти податоци објави и рускиот заменик министер за трговија Алексеј Груздев.

Метин додаде дека 2019 година е прогласена за година на културата и туризмот на Русија и Турција. Тој изрази надеж дека оваа година ќе бидат укинати визите за турските туристи во Русија