Регион 29. декември 2020. / 22:50

Шест лица спасени од под урнатините во Петриња

Шест лица спасени од под урнатините во Петриња

Хрватската спасувачка служба соопшти дека од под урнатините на подрачјето на Петриња, што беше погодено од силен земјотрес, спасени се шест лица и оти потрагата по преживеаните ќе продолжи и во текот на ноќта.

Спасувачките тимови ќе отидат и во селата помеѓу Петриња и Сисак за да утврдат каква е состојбата по земјотресот со интензтиет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Храватска.

Во земјотресот загинаа најмалку седум луѓе, 20 се повредени, а најголема материјална штета има во Загреб, Сисак и Петриња.

Епицентарот на земјотресот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња и е почувствуван во целиот регион.