Серија силни земјотреси утрово се осетија во близина на градот Корча во јужниот дел на Албанија.Првиот земјотрес со интензитет од 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран на 18 километри јужно од Корча, на самата граница меѓу Албанија и Грција.
Земјотресот се случи во 6 часот и 26 минути. Најсилно е почуствуван во градот Корча, а потресот утрово ги разбуди и жителите на Поградец, Охрид, Струга и Ресен. Седум минути по првиот земјотрес во 6 часот и 33 минути се случи вториот потрес со интезнитет од 5 степени. Засега нема информации за последици од двата потреси.