Регион 26. ноември 2019. / 14:38

Сеизмолозите предупредуваат: Можни нови потреси во скоро време, во Дубровник уште утре

Сеизмолозите предупредуваат: Можни нови потреси во скоро време, во Дубровник уште утре

По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.

Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри – објасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод.

Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси.

Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре – појаснува сеизмологот.

Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.