Сеизмологот Ивица Совиќ изјави во Дневникот на ХТВ дека луѓето во Хрватска мора да научат да живеат со земјотресите бидејќи земјата се наоѓа на сеизмички активно подрачје.
Рече дека како геолози се обидуваат да ја пресметаат максималната магнитуда на потресите кои во иднина би се случувале. Така што, за подрачјето на Загреб е предвидено 6,5, но тоа не значи и дека тоа ќе се случи, туку дека може да има неколку послаби потреси и да не се активираат по целата должина.
Објаснува и тоа дека потрес на едно подрачје не може да произведе потрес на друго, како и дека земјотресот во Загреб веројатно не е реакција на потресот во Петриње.
Сеизмологот Совиќ истакнува дека на подрачја низ реката Кипа и Сава има многу потопено земјиште и дека затоа се појавуваат дупки во земјата. Кога се случува потрес тогаш доаѓа до набивање на песокот и пропаѓање на земјата.
GRAĐANI ZABRINUTI / Navodno, rupe nastaju jer potresi utječu na podzemne vodehttps://t.co/iF7Rzur9YP
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) January 1, 2021
-Она што беше цврста почва, влажен песок, сега станува течна почва, која може да излезе на површина. Таков беше случајот во селото Брест. Земјата таму распука и фрли песок на површината, па тоа предизвика распукување на некои куќи, кои потоа се неупотребливи, рече тој.
Posljedice razornog zemljotresa u Hrvatskoj #hrvatska #zemljotres #petrinja #mecencani https://t.co/LsYaudmhoF
— Klix.ba (@klixba) January 1, 2021