Регион 19. јуни 2018. / 14:57

Се затресе Херцеговина – земјотрес ги вознемири граѓаните

Се затресе Херцеговина – земјотрес ги вознемири граѓаните

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтерова скала е регистриран на подрачјето на Мостар, соопштено е од Сиезмолошката служба на Републичкиот хидрометеоролошки завод на БиХ.

Во соопштението се наведува дека земјотресот е регистриран во 00:48 часот.

Како што е наведено на ЕМСЦ, кој ги следи сеизмолошките активности во светот, потресот се случил на длабочина од 2 километри.

Според досегашните информации на објектите за време на земјотресот не настанала штета, а граѓаните биле вознемирени.