Регион 09. март 2021. / 10:48

Се тресе тлото во Хрватска – Повторно нови земјотреси

Се тресе тлото во Хрватска – Повторно нови земјотреси

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, ја затресе околината на Сисак два часа по полноќ.

Епицентарот бил 14 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километри.

Потресот се почувствувал и во неколку околни градови, меѓу кои и Загреб.

Утрово во 9:21 е регистриран нов земјотрес во Петриња со интензитет од 3,1 степен според Рихтер.