Регион 15. мај 2018. / 12:11

Се бара оставка од косовскиот министер поради затворањето на патот Приштина- Скопје

Се бара оставка од косовскиот министер поради затворањето на патот Приштина- Скопје

Заменик-градоначалникот на Качаник, Илбер Бајра, побара оставка од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, затоа што со затворањето на патот Приштина-Скопје предизвикал блокада на неколку села во неговата и соседната општина на граница со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бајра му се обрати со отворено писмо на премиерот Рамуш Харадинај, кого го повика „да го земе со себе министерот Лекај“ и да ги посети општините Качаник и Елез-Хан, чии жители најавија, како што вели во писмото, „насилни протести“ доколку веднаш не се реши нивниот проблем.

– Затворањето на главната артерија Приштина-Скопје од страна на Министерството за инфраструктура предизвика проблеми и блокирање на неколку села во општините Качаник и Елез-Хан! Во истите, на алтернативниот пат Доганај-Глобочица-Стража, поради значително зголемениот сообраќај, се загрозува животот на локалните пешаци и на самите патници, се наведува во писмото на Бајра, кој апелира до премиерот „да го спречи злото“.