Регион 18. јули 2018. / 10:20

Сараево го стресе земјотрес

Сараево го стресе земјотрес

Земјотрес со интензитетт од 2,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 7:35 часот е регистриан на подрачјето на Сараево.

Федералниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина, информира дека потресот бил со јачина од три степени според Меркалиевата скала.

– Се работи за слаб земјотрес кој не предизвикува материјални штети, изјави за агенцијата ФЕНА сеизмологот на Хидрометеоролошкиот завод, Иван Брлек.