Регион 11. мај 2018. / 12:43

„Само децата остави ги“ – последната порака на убиената мајка открива дека знаела што ја чека

„Само децата остави ги“ – последната порака на убиената мајка открива дека знаела што ја чека

Ден пред да биде брутално убиена, Иван Радовановиќ повторно ѝ се заканувал на жртвата Јелена Грбиќ, која со последната порака го замолила само едно, да не го допира децата.

Триесет и пет годишниот Иван Радовановиќ со денови пред убиството на поранешната невенчана сопруга ѝ се заканувал, а со последната порака таа го молела да ги поштеди децата.

Убиецот кој ноќта меѓу неделата и понеделникот до смрт ја избодел Јелена, со години бил насилен кон неа и сѐ што правел укажувало на тоа дека ќе ја убие.

Иван имал долг список на пријави за семејно насилство и две затворски казни, но тоа не го спречило на крајот да ја убие.

Тој ноќта меѓу недела и понеделник упаднал во нејзината куќа и во која живеела со трите синови, го скршил стаклото на вратата и упаднал.

Прво брутално ја истепал, а потоа земал кујнски нож и го зарил во вратот на Јелена пред очите на нејзините тројца синови од кои едниот го родила во вонбрачна заедница со него.

Според сведочењата, тој ја убил ладнокрвно, занемарувајќи го плачот на децата и молбите да ја остави на мира. Мајката паднала преку децата кои се обидувале да ја спасат, но немало помош.

На сослушувањето рекол дека не се сеќава на злосторството бидејќи бил пијан.