Регион 21. јуни 2018. / 18:55

САД сепак ќе и ги продаде на Турција најсовремените борбени авиони Ф-35

САД сепак ќе и ги продаде на Турција најсовремените борбени авиони Ф-35

Иако Амерканскиот Конгрес гласаше против, сепак Турција неделава ќе го добие првиот борбен авион од типот Ф-35, изјавија за Гласот на Америка официјални претставници од Пентагон и од авионската индустрија.

Утре во Форт Ворт, Тексас каде се произведуваат авионите од страна на Локид Мартин, ќе се одржи церемонија за новите авиони наменети за Турција, соопшти портпаролот на компанијата.

Претставничкиот дом и Сенатот во Националниот закон за авторизација во одбраната, имаат предвидено ограничувања за учеството на Турција во програмата Ф-35.

Американските законодавци се загрижени поради апсењето на американски свештеник во Турција, како и плановите на Анкара за купување на рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400, за кој сметаат дека ќе ја деградира општата безбедност на НАТО и дека системот е некомпатибилен со оние што ги користат останатите членки на Алијансата.