Бугарското министерство за надворешни работи побара од Москва да отповика дипломат од амбасадата на Русија во Софија бидејќи обвинителството во таа земја се сомнева на шпионажа.
Станува збор за првиот секретар на руската амбасада кој, како што тврди бугарското обвинителство, веќе една година се занимава со шпионажа.
Бугарското министерство соопшти дека во петокот одржале состанок со рускиот амбасадор откако обвинителството и тајните служби добиле информации за сомнителните активности на дипломатот.
Министерството тогаш побарало тој дипломат до понеделник вечерта биде отповикан и да ја напушти Бугарија, што и го направил.
Кривичната постапка против рускиот дипломат во Софија е откажана заради неговиот дипломатски имунитет и покрај тоа што обвинителството имало доволно докази за обвинение, наведува бугарската агенција БТА.
Руското министерство за надворешни работи се уште не се огласило по овој повод.