Илјадници Романци излегоа на улиците на Букурешт со барање за оставка на Владата , која ја обвинуваат за ново донесените закони со кои се штити корупцијата. Демонстрантите протестираа и против прекумерната употреба на сила на протестите во петокот , кога беа повредени неколку стотини луѓе.
Вчеравечер беа собрани нешто помалку демонстранти во споредба со петокот и саботата. насобраните пред зградата на Парламентот ја пееја химната и со национални знамиња бараа оставка од владата на социјалдемократите поради корупција.
Во текот на последната година во Романија редовно се одржуваат антивладини протести , а најмасовен беше во февруари 2017 кога протестираа половина милион луѓе , без ниеден инцидент.