По низата разорни потреси кои ја погодија Албанија, многумина се скршени од болка и тага. Во јавноста, во врска со трагедијата која ги снајде Албанија и албанскиот народ се огласија и пејачките Дуа Липа и Рита Ора.
Рита Ора сега отпатува во Албанија од каде сподели фотографија од Тирана и едно од семејствата на кое ќе му помогне да си ја обнови куќата.
Предлагам, тие кои можат, да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин како би помогнале за обновување на жртвите од катастрофата. Првото семејство кое го избрав е Сала – открила пејачката.
И двете пејачки на социјалните мрежи го објавиле знамето на Албанија и пратија пораки со поддршка.
Скршена сум поради вестите од Албанија. Моето срце и молитви се со Албанците. Ви ја праќам целата своја љубов во овие тешки моменти – напишала Дуа и додала:
Како и секогаш, сите сме обединет и ги бараме најдобрите начини да им помогнеме на семејствата, децата кои ги изгубија родителите, родителите кои останаа без деца, како и пријателите кои се бараат едни со други и кои сакаат да видат со оние кои ги сакаат.
Таа наведе дека ќе работи со албански модни дизајнери на проекти, а приходот од нив ќе биде наменет за жртвите од потресите.