Околу 40 лица, претежно државјани на Хрватска и Словенија, беа уапсени во неколку земји за време на голема акција под сомнение за трговија и шверц на кокаин, хероин, амфетамини и марихуана.
Тие се поврзуваат со луѓе од Јужна Америка за шверц на наркотици по море од Јужна Америка до Европа, пренесува Јутарњи.хр.
Во Словенија организирале и го надгледувале производството, формирале неколку магацини за чување и складирање на дрога и ангажирале луѓе од Љубљана за да им обезбедат работа.
Од складиштата дрогата ја пренесувале во Хрватска, Словенија и во други земји.
Тие користеле специјално изработени бункери во камиони за да ја транспортираат дрогата до посакуваната дестинација, со која управувале луѓе ангажирани специјално за таа работа.