Дел од плажите во Грција каде често за одмор патуваат и Македонците, го загубија синото знаменце за високи еколошки стандарди поради што беа омилени дестинации.
Причина за тоа се ѓубрето, недостатокот на тоалети и спасувачи.
На оваа листа се најдоа Елани Беј во Сивири на Халкидики, Агиа Тријада во Солун, Миртос на Кефалонија, Аргаси, две плажи во Лаганас, Лиманаки и Банана Бич на Закинтос, како и Потамос, Вурла, Јерапетра и Вулизма во крит.
Во Грција се одземени вкупно 19 вакви знамиња, иако е една од најпосетените туристички дестинации.