Регион 28. ноември 2019. / 20:45

Рама: Не испраќајте повеќе храна и облека, потребни ни се пари

Рама: Не испраќајте повеќе храна и облека, потребни ни се пари

Албанскиот премиер Еди Рама апелираше до своите сонародници во државата и странство дека на погодените од земјотресот повеќе да не им се испраќа храна и облека, туку да се придонесе со финансиска помош.

Рама на својот Фејсбук профил напиша дека складиштата се полни со храна и облека и истакна дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.

– Пристаништето Драч повеќе нема капацитет за складирање, потребите за храна и облека се задоволени, благодарение на многу луѓе, организации, фирми, институциии од внатрешноста на Албанија и надвор – наведе Рама заблагодарувајќи им се на сите за донациите како и на разбирањето.