Албанскиот премиер Еди Рама и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска потпишаа договор за формирање албанско-туски Совет за стратешка соработка.
Со формирањето на Советот се најавува продлабочување на соработката меѓу Турција и Албанија, пренесува албанскиот портал Егзит.
Ердоган по потпишувањето на договорот изјави дека ова значи дека Албанија станала и стратешки партнер на Турција.
Турција ќе финансира реконструкција на џамијата во Скадар
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека реконструкцијата на главната џамија во Скадар, Албанија, ќе се финансира од турскиот државен фонд.
Главната џамија е изградена во 1773 година, а со текот на годините била прилично оштетена, особено во поплавите од претходните години, пишува понатаму порталот Егзит.