Регион 09. јануари 2020. / 15:53

Рама до Иран: Секој напад врз Албанија е напад и врз НАТО

Рама до Иран: Секој напад врз Албанија е напад и врз НАТО

На денешната средба на ОБСЕ во Виена, премиерот на Албанија, Еди Рама, зборуваше и за заканите кои вчера ги упати иранскиот врховен лидер Али Хаменеи кон Албанија. Тој вчера Албанија ја нарече „мала ѓаволска земја“ и земја каде пресојуваат предавниците на Иран (муџахедините).

Рама рече дека Албанија преземала ризик со муџахедините, но од друга страна додаде дека секој напад кон оваа земја е напад и врз НАТО.

– Преземавме ризик со муџахедините. Горди сме што војуваме покрај најдобрата алијанса во светот. Секој напад врз нашата земја е напад врз НАТО – рече Рама.

Од 2016 година, кога во Албанија пристигна првата група во т.н. „град на муџахедините”, сместени се над 3.000 припадници на иранската опозиција (МЕК).