Регион 04. декември 2019. / 11:44

Радев: Одбранбените ресурси издвоени за НАТО треба да придонесуваат и за сопствен економски развој

Радев: Одбранбените ресурси издвоени за НАТО треба да придонесуваат и за сопствен економски развој

Пред состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Лондон, претседателот на Бугарија, Румен Радев, порача дека Самитот на НАТО не треба да се претвори во  внатрешно-политичка трибина, туку треба да придонесе за зајакнување на единството и зголемување на безбедноста.

Како што соопшти прес-службата на Претседателот Радев, проблемите и постојните противречности мора да бидат поставени искрено и да имаат конструктивна дебата.

Радев истакна дека пред пет години сите земји-членки се обврзаа на зголемување на трошоците за одбрана, но дека тоа мора да биде направено транспарентно и ефикасно.

– Квантитативниот критериум не треба да биде единствената мерка, туку важно е и како овие инвестиции се претвораат во одбранбени способности и еднакво е важно тие да придонесат за сопствен економски развој и зајакнување на социјалните системи, а не за нивно осиромашување – истакна Радев.