Регион 07. април 2020. / 12:00

Протест на таксистите во Софија

Протест на таксистите во Софија

Таксисти од Софија денеска излегоа на протест и го „окупираа“ просторот околу црковниот храм „Александар Невски„, соопшти БГНЕС.

Паркираните автомобили се од различни такси компании. Таксистите се жалат дека заради воведената вонредна состојба и драстичниот пад на клиенти се соочуваат со сериозна опасност за натамошниот опстанок.

Според нивните проценки, од околу 6.000 такси возила вкупно, во главниот град моментно на работа излегуваат не повеќе од 2.000.