Регион 09. јануари 2020. / 21:30

Продолжуваат протестите во Црна Гора против верскиот закон

Продолжуваат протестите во Црна Гора против верскиот закон

Граѓаните на Црна Гора и вечерва се собраа во повеќе градови како би искажале протест против спорниот Закон за слобода на вероисповед, а најмасовен собир организиран е во Подгорица.

Неколку илјади граѓани на Подгорица се упатија на протестен марш од Соборниот храм на Христовото Воскресение до црквата Св. Симеон Мироточив, пренесува „Подгорички вјести“.

Протест е одржан и во Херцег Нови, каде се собраа неколку стотина граѓани.

Митрополијата црногорско-приморска Српска православна црква претходно донесе одлука протестните маршеви и литии да се одржуваат два пати неделно, во четврток и недела.

Критичарите на српскиот закон сметаат дека тој е насочен против СПЦ и нејзиниот имот во Црна Гора.