Регион 10. октомври 2018. / 10:30

Преживеаните раскажуваат за пеколот кој се случи вчера во Србија: Се слушна морбиден звук, имаше крв насекаде

Преживеаните раскажуваат за пеколот кој се случи вчера во Србија: Се слушна морбиден звук, имаше крв насекаде

Уште едно лице почина по страшниот верижен сурид на автопатот Белград-Ниш, кој се случи вчера.

Мажот Н.С. стар околу 60 години, вчера со тешки повреди беше пренесен во клиничкиот центар во Ниш, а денеска им подлегна на повредите.

Преживеаните во страшната несреќа која се случи вчера во Србија, сведочат за пеколот.

Влетавме во магла, но за среќа успеавме да застанеме на страна. Позади нас се случи пекол. Ништо не видовме во моментот на несреќата, но се слушна морбиден звук, како да се одделува воз.

Ова е сведоштвото на преживеани во несреќата која вчера се случи на патот Белград-Ниш во Србија, во која загинаа 8 лица, меѓу кои и двајца македонски државјани.

– На исто време на исто место се случија два верижни судири во маглата. Во 7 часот и 20 минути. Се слушна страшен звук, а потоа видовме камион во пламен. Се најдовме среде кланица, вели сведокот за српскиот Блиц.

Еден од повредените бил под автомобил и бил жив кога почнале да го сечат возилото кое било смачкано, извадиле и мртва жена, а насекаде имало крв и делови.

– Жив е! викна некој, навистина беше језиво, 15 минути го сечеа возилото, вели сведокот.