Регион 07. мај 2018. / 11:46

Предупредување до Србија: Секоја агресија на Косово е агресија кон НАТО

Предупредување до Србија: Секоја агресија на Косово е агресија кон НАТО

Командантот на КФОР, италијанскиот генерал Салваторе Коучи изјави дека каква и да е агресија врз Косово в суштина е агресија кон НАТО.

Во принцип КФОР е НАТО и додека е КФОР овде секоја агресиј (кон Косово) ќе биде агресија и кон КФОР и НАТО’, рече Коучи во интервју за приштинскиот весник „Зери“.

Тој смета дека покрај собидите на политичко влијание на Русија на Косово, што е дел од меѓународните политики на секоја земја, не гледа реална закана на Русија кон Косово.

Командантот на меѓународните мировни сили во Косово изрази подготвеност дека КФОР, ако биде потребно, ќе помогне на косовските сили да уапсат осомничени кога Специјалниот суд за воени злосторства ќе подигне обвинение против високите офицери на Ослободителната војска на Косово.